27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКлоп се предомисли?

Клоп се предомисли?

klopce 322

Како што пишува „Bild“, во недостаток на соодветни понуди, Клоп прво планираше да замине на одмор до полусезоната или можеби дури една година. Меѓутоа се појави нова опција, станува збор за Ливерпул.

Германецот нема реална шанса да го превземе Реал Мадрид, а во другите големи клубови клупите се веќе зафатени, па поради тоа, тој може да ја прифати понудата на „црвените“.

Има неколку причини за ваквиот чекор.

Првиот е секако желбата да работи во Премиерлигата, тој добро говори англиски што би му било од помош во прилагодувањето на тамошниот живот.

Повеќе пати истакнуваше дека им се воодушевува на навивачите на Ливерпул, па шансата да биде тренер на така голем клуб секако не се пропушта.

Покрај тоа, тој би имал можност да спроведе создавање на нов тим, по заминувањето на капитенот Џерард. Имено, Клоп во тој случај ќе го изврши процесот за реконструкција на екипата, ќе си заминат седум или осум искусни играчи, а покрај Џерард, клубот го напушта и Глен Џонсон, а најверојатно и Ламберт, Борини, Леива и нивните места ќе бидат пополнети од млади фудбалери.

Преговори се уште нема, а како замена за Роџерс се споменува и Анчелоти, иако тоа е помалку реално. Клоп претставува голем предизвик и за сопствениците, а Роџерс е означен како главен виновник за неуспехот по големите вложувања во текот на летниот преоден рок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП