26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСепак Lamborghini ќе го произведува својот SUV модел во Италија

Сепак Lamborghini ќе го произведува својот SUV модел во Италија

urus 200

„Automobili Lamborghini SpA“ во Италија ќе го произведува новиот „SUV“ модел кој може да ја удвои продажбата на брендот, откако постигна договор за даночни олеснувања со владата на премиерот Матео Ренци, информира „Bloomberg“, повикувајќи се на запознаени извори.

Главниот извршен директор на „Lamborghini“ Стефан Винкелман и Руперт Шадлер, извршниот директор на компанијата „мајка“- „AG“, утре заедно со Ренци ќе го објават договорот на специјална прес-конференција во Рим.

Против планот на „Lamborghini“ да вработи околу 500 работници, Владата на Ренци ќе обезбеди даночни олеснувања и други бенефиции во износ од 80 милиони евра за зголемување на производството во Италија.

„Audi“ бара начини да се прошири производната линија на „Lamborghini“, која е составена главно од спортски автомобили и кои се посакувани на пазарите во развој, како Кина, каде дел од патиштата се прилично лоши.

Ова ќе биде првиот „SUV“ модел на „Lamborghini“ по производството на „LM002“, или т.н. „Rambo Lambo“, кој беше запрен во 1993-та година. Познатата со своите спортски автомобили кои чинат 237.000 долари (Huracan), „Lamborghini“ го претстави прототипот на „SUV“ моделот „Urus“ во 2012-та година. Од „Lamborghini“ се сретнуваа неколку пати со претставници на Владата во изминатите неколку месеци, пред да донесат конечна одлука за производството на „SUV“ моделот.

За да се ограничат трошоците, шасијата и другите делови ќе бидат произведени во фабриките на „Volkswagen AG“. „VW“ ја поседува „Audi“, која пак е компанијата „мајка“ на „Lamborghini“.

Новиот модел доаѓа во позадината на објавените рекордни продажби за минатата година кај повеќето производители на луксузни автомобили. Во 2014-та година продажбата на „Lamborghini“ се зголеми за 19% до рекордни 2.530 возила. Од „Lamborghini“ споделија, дека имаат потенцијал за продажба на 3.000 „SUV“ модели годишно, што ќе ја зголеми продажбата повеќе од двапати.

„Lamborghini“ го обнови работниот договор со италијанските синдикати на 22-ри мај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП