26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГугл ќе подели 15 милиони на четирите директори

Гугл ќе подели 15 милиони на четирите директори

gogle2

Американската компанија „Гугл“ ќе плати скоро 15 милиони долари бонуси на четворицата свои водечки директори за успешната работа во минатата година.

Компанијата, која е најголемиот интернет пребарувач во светот, објави дека нејзиниот Извршен претседател, Ерик Шмит ќе ја добие највисоката награда од шест милиони долари.

Шмит десет години беше извршен директор на корпорацијата „Гугл“ и пред речиси две години оваа должност му ја предаде на Лери Пејџ. Поголемиот дел од богатството на Шмит е од акциите во „Гугл“. Доколку тој во моментов ги продаде своите 3.2 милиони акции ќе заработи 2.6 милијарди долари.

Ниту Пејџ, а ни другиот ко-сопственик Сергеј Брин нема да добијат бонус за својата работа. Тие обично добиваат плата од „само“ еден долар од 2004-та година, од кога „Гугл“ е на берзата. Тоа е „жртвата“ што тие можат да си ја дозволат, бидејќи секој од нив поседува по 23 милијарди долари.

„Гугл“ ќе му плати и 3.3 милиони долари бонус на својот адвокат, Дејвид Драмонд. Патрик Пичет, главниот финансиски директор во „Гугл“ и Никеш Арора, шефот на компанијата ќе добијат бонуси од по 2.8 милиони долари.

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП