26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗPeugeot се откажува од моделот RCZ

Peugeot се откажува од моделот RCZ

peugeot-rcz-1_1

Француската компанија планира до 2022-ра година да го намали бројот на модели од 26 на 13, а најверојатно прва „жртва“ на рационализација на производството ќе биде спортскиот „Peugeot RCZ“.

Извршниот директор на францускиот производител, Максим Пик, изјави на авто-саемот во Шангај дека актуелниот „RCZ“ нема да добие наследник, пренесува „Autocar“.

Тој објасни и зошто е неопходна рационализација во гамата.

„Доколку ви кажам дека 13 модели сочинуваат 95 проценти од вкупната продажба на „Peugeot“ и практично 100% од профитот на компанијата, работите стануваат многу појасни“, вели Пик.

„При селекцијата кои модели ќе ги задржиме, ќе се фокусираме на тоа дали остваруваат профит или не“, додава тој.

„Да се разбереме, мене многу ми се допаѓа „RCZ“, но сакаме да се фокусираме на клучните модели во гамата, од „108“ па нагоре, со цел што е можно подобро да ги искористиме нивните пазарни капацитети“, заклучи Пик.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП