26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИEmirates ќе купи авионски мотори за 9.2 милијарди долари од Rolls-Royce

Emirates ќе купи авионски мотори за 9.2 милијарди долари од Rolls-Royce

dogovor emirati

„Rolls-Royce“ објави дека добила нарачка во вредност од 9.2 милијарди долари за испорака на мотори за 50 авиони „Airbus A380“ од авиокомпанија „Emirates“, соопштува „Ројтерс“. Агенцијата наведува дека договорот ќе ги стабилизира финансиите на британската компанија.

Производителот на мотори соопшти дека ова е најголемата нарачка во историјата, а по нејзиното објавување ја подигна вредноста на акциите на компанијата за 2,1%.

„Emirates“ за првпат порачува мотори од „Rolls-Royce“ за највисоката класа авиони кои во моментов користат мотори на „Engine Alliance“ – заедничко вложување на „General Electric“ и „Pratt & Whitney“.

Договорот беше прогласен на заедничката прес-конференција во Лондон, даден од извршниот директор на „Rolls-Royce“ Џон Риштон и претседателот на „Emirates“ Тим Кларк, а потврдија дека авионите со новите мотори ќе започнат да ги користат од 2016-та година.

Договорот вклучува и клаузула за долгорочна „целосна поддршка“, што значи дека „Rolls-Royce“ ќе врши поправка на моторите „Trent 900“ за „Emirates“.

„Ројтерс“ наведува дека промената на добавувачот на мотори е редок потег, но и покрај тоа зделката не е изненадување, бидејќи Кларк уште во март објави дека размислува за купување на мотори „Rolls-Royce“ за 50 авиони.

Британската компанија е втор по големина производител на авионски мотори во светот, по „General Electric“, но одбивањето на нарачки во други сфери на работа на компанијата, на пример изградба на гасни и нафтени генератори за индустријата, наштети на нејзиниот раст.

Во февруари „Rolls-Royce“ предупреди дека профитот ќе се намали за 13% во оваа година, откако во 2014-та година падна за 8%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП