26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЃоковиќ за 65 минути славеше над Чилиќ

Ѓоковиќ за 65 минути славеше над Чилиќ

ATP Masters Series: Monte Carlo Rolex Masters - Day Three

Првиот носител на Мастерс турнирот во Монте Карло, Новак Ѓоковиќ со убедлив триумф (6:0, 6:3) над Марин Чилиќ, за 65 минути игра, избори пласман во полуфиналето.

Ѓоковиќ од стартот наметна ритам кој нервозниот Чилиќ не можеше да го следи и за само 23 минути без загубен гем го освои првиот сет. Чилиќ на семафорот се запиша дури во деветтиот гем, од тој момент тој го подигна нивото на својата игра, но ниту тоа не беше доволно да му се спротивстави на првиот светски рекет.

За Ѓоковиќ и Чилиќ ова беше 12-от меѓусебен дуел, а хрватскиот тенисер се уште нема победа против Србинот.

Ѓоковиќ во полуфиналето ќе игра против победникот од четвртфиналето во кое ќе играат Шпанците Рафаел Надал и Давид Ферер. Србинот лани на овој турнир испадна во полуфиналето од Федерер, а годината пред тоа во финалето славеше над Надал.

Доколку Ѓоковиќ триумфира во Монте Карло тој ќе ја освои својата 23-та титула на турнирите од Мастерс серијата со што ќе се израмни со Федерер на второто место на вечната листа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП