26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИMicrosoft претстави евтин 5-инчен смартфон со две SIM картички

Microsoft претстави евтин 5-инчен смартфон со две SIM картички

lu 5402

„Microsoft“ ја продолжува својата стратегија за зголемување на своето присуство во растечките пазари преку достапни паметни телефони. Компанијата го лансираше новиот „Lumia 540“, кој ќе чини околу 150 долари.

Неговата ниска цена сепак не значи дека хардверот ќе е слаб. Смартфонот има 5-инчен екран со резолуција од 1280х720 пиксели, „quad-core“ процесор кој работи на 1.2GHz, 1GB RAM меморија. Вградената меморија е 8GB, а има и слот за „microSD“ картички со капацитет до 128GB.

„Lumia 540“ ќе располага со батерија со капацитет од 2200mAh, а освен тоа располага и со слотови за две „SIM“ картички.

На располагање е и „3G“ модул, „Bluetooth“, „WiFi“. Телефонот го користи оперативниот систем „Windows 8.1“ со последната надградба „Denim“. Освен тоа ќе може да се надогради до „Windows 10“, кој се очекува во текот на летото на оваа година, иако најверојатно нема да ги поддржува сите функции на платформата.

Продажбата ќе започне прво во делови од Азија, Блискиот Исток и Италија, која се покажа еден од најголемите пазари на „Windows Phone“ во Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП