26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИToshiba пред 30 години го направи првиот лаптоп на светот (фото)

Toshiba пред 30 години го направи првиот лаптоп на светот (фото)

T1000-2

Со лансирањето на лаптопот „T1100“ на европскиот пазар, компанијата „Toshiba“ во април 1985-та го најави бумот на преносните „PC“ уреди за широка употреба.

Во средината на април 1985-та „Toshiba“ го претстави првиот лаптоп во светот за масовниот пазар –  моделот „T1100“, преносен компјутер кој го отвори патот за место во „куќата на славните“ на потрошувачки уреди кои денеска се наоѓаат во скоро секој дом.

Во осумдесетите години од минатиот век „PC“ компјутерите беа десктоп уреди, кои корисниците ги „врзуваа“ за работната маса, канцеларијата. Доколку немало, тоа не значи дека не постоеле мечти за поголема мобилност, која, сепак и натаму се вртела околу брзината и комфорот.

T1000-23

Што се можеше тој лаптоп? Од денешна преспектива многу скромно. Но, да не заборавиме тоа беше 1985-та година, па перформансите на „T1100“ беа „Intel 80C88“ процесор со такт од 4,77 MHz и 256KB RAM меморија, влопи диск драјв кој од 3,5-инчната дискета го вчитуваше и самиот оперативен систем „DOS 2.11“ во меморијата, сепак за тоа време перформансите воопшто не беа наивни.

Според перофромансите неспоредлив, но според нешто друго вреден колку и денес – „T1100“ нудеше тенок и квалитетен монохромски „LC“ екран со новоразвиен софтвер за контрола на потрошувачката на струја, па оловната батерија можела да трае скоро осум часа, и конечно со сите тие карактеристки „T1100“ тежел само 4,1 kg, колку што денеска тежат робусните лаптопи.

T1000-24

Имаше и некои други решенија по кои инсутријата се врати некои 25 години подоцна, се со цел на екстремната мобилност. Затоа што и современите ултрамобилни уреди, како што се таблетите или слични, исто така немаат класичен хард-диск за складирање на податоците. За таа цел, индустријата направи кам-бек во иднината која „Toshiba“ ја започна пред полни три децении.

Масовната продажба на лаптопи донесе нов пристап на работа, работните места, движењето… Работата и забавата почнаа да се вртат околу луѓето.

Компанијата „Toshiba“ наскоро ќе започне акција на друштвените мрежи со понуда за нов лаптоп во замена за „T1100“. Иако во првата година беа продадени 10.000 примероци во Европа, а цената била во ранг на 4.000 долари, луѓето од поранешна Југославија верно ги следеле светските технолошки трендови, очекувањата се дека и од овие простори ќе појави некој сопственик на ваков уред.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП