Познатиот американски голф играч, Тајгер Вудс, првпат во кариерата испадна од листата на најдобрите 100 играчи. На најновата PGA листа, Вудс, се наоѓа на 104-то место.
Вудс, кој е освојувач на 14 Мастерс трофеи, прв пат меѓу 100-те најдобри се проби во 1996-та година. На чело на PGA листата тој има минато 683 недели.
На почетокот на годината тој најави дека нема да се натпреварува, бидејќи неговата форма е „неприфатлива“.
Неговото враќање на терените е можно за првиот Мастерс турнир во новата сезона кој ќе започне на 9-ти април.