27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТелеком Словенија ќе исплати 65 милиони евра дивиденда

Телеком Словенија ќе исплати 65 милиони евра дивиденда

TELEKOM1

Целокупната добивка остварена во 2014 година, која изнесува малку повеќе од 65 милиони евра, Телеком Словенија ќе им ја подели на акционерите за дивиденди“, беше денеска објавено.

Ова го предложи надзорниот дбор на словенекиот национален оператор до собранието на акционери, кое ќе се одржи на 15 мај.

На акционерите треба да им биде исплатено по 10 евра дивиденда за акција, колку што изнесуваше дивидендата и во претходната година.

Групацијата Телеком Словенија во 2014 година реализирала 756,5 милиони евра приходи од продажба, што е три отсто помалку во споредба со 2013 година.

Се очекува за неколку месеци да заврши постапката за продажба на Телеком Словенија, кој пред две години е ставен на листата на државни претпријатија наменети за приватизација.

Интерес за купување на словенечкиот оператор пројавија неколку финансиски фондови, а за најсериозна се смета понудата за превземање од страна на Deutsche Telekom.

Телеком Словенија е присутен на македонскиот пазар преку операторот Оне.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП