27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAlpina го одбележа јубилејот со две специјални „BMW“ возила (фото+видео)

Alpina го одбележа јубилејот со две специјални „BMW“ возила (фото+видео)

a bmw 1

„Alpina“ разви специјални модификации на моделите „B5 Bi-Turbo“ и „B6 Bi-Turbo“ кои се посветени на 50-годишнината на брендот.

Тоа се двата најмоќни автомобили, разработени некогаш од „Alpina“, а се опремени со мотори со моќност од 600 КС. Освен тоа машините „BMW Series 5“ и „Series 6“ добиле голем број на технички доработка.

a bmw

Баварските „петка“ и „шестка“ од јубилејната „Edition 50“ се придвижуваат со надградени мотори со зафатнина од 4,4 литри со две турбини. Моторите се со нови клипови, како и со променет систем за ладење. Во споредба со стандардните „Alpina B5“ и „B6“, моќноста на агрегатот е зголемена за 60 КС, а максималниот вртежен момент е зголемен за 70 Нм. Па резултатот е 600 КС и 800 Нм.

Од 0 до 100 км/ч и двете машини забрзуваат за 4,2 секунди. Максималната брзина на „Series 5“, која ќе се нуди како седан и караван, е соодветно 328 и 323 км/ч. А купето и кабриолет „B6“ развиваат соодветно 330 и 327 км/ч.

a bmw2

Освен тоа двете возила го добиле издувниот систем „Acrapovic“ кој е за 17 килограми полесен од стандардниот, моќни сопирачки механизми „Brembo“, амблеми „Edition 50“ и бандажи со големина од 20 инчи, кои се направени од алуминиум.

Од двата модела ќе бидат пуштени по 50 примероци, а цените за „петката“ стартуваат од 114.200 евра, а кај „шестка“ од 113.800 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП