26 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНајстресни професии

Најстресни професии

stres2

Меѓу високо стресни професии спаѓаат работните места како директор на компанија која се бави со односи со јавноста, извршен директор, фоторепортер, новинар…

Ако мислите дека и вие се занимавате со стресна работа, проверете дали навистина имате причина да се жалите.

Едно истражување кое го спроведоа американските научници покажа кои работни места со себе носат најголема напнатост и поради тоа го загрозуваат здравјето.

Експертите од Универзитетот во Висконсин направи листа од 200 професии. А нивото на стрес го мереа според физичките потреби на работата, потенцијалната опасност за животот, ризикот, роковите, патувањата, платениот труд, работното време итн.

Ова истражување покажа дека професионалните војници и генерали имаат најстресна работа, бидејќи таа освен што е физички и ментално исцрпувачка, таа подразбира и огромна одговорност за општите случувања.

Најстресна цивилна работа е професијата пожарникар, бидејќи ваквите луѓе секојдневно се изложени на опасност, многумина од нив се повредуваат и нивниот живот е постојано загрозен.

Помеѓу високо стресни професии се вбројуваат и работните места директор на компанија која се занимава со односи со јавноста, пилоти, извршни директори, фоторепортери, новинари, возачи, полицајци…

А, помеѓу професиите кои се сметаат за најмалку стресни, се наоѓаат професиите златар, службеник, лабараториски техничар, нутриционист, универзитетски професор, кројач, библиотекар и фризер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП