2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHeinz го купува Kraft

Heinz го купува Kraft

heinz-ketchup

Компанијата „H.J.Heinz“ ја купува „Kraft Foods Group“, со што ќе биде создаден третиот најголем производител на храна и пијалоци во Северна Америка.

Договорот беше организиран од сопственикот на „Heinz“, бразилската инвестициска компанија „3G Capital“ и „Berkshire Hathaway“ на инвеститорот Ворен Бафет.

Акционерите на „Kraft“ ќе добијат акции во новата компанија и специјална исплата од околу 10 милијарди долари, односно 16,50 долари по акција. Сегашните акционери на „Heinz“ ќе добијат 51 проценти од новата компанија, а остантите 49 проценти ќе бидат на акционерите на „Kraft“.

Во новата компанија ќе бидат брендовите „Kraft“, „Heinz“, „Oscar Mayer“ и др.

Управните одбори на двете компании  го одобрија договорот кој би требало да биде завршен во втората половина од година, иако се уште е потребно одобрение и од акционерите на „Kraft“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП