27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНајбогатиот парламент во светот

Најбогатиот парламент во светот

kina1

Кинескиот парламент е најбогатиот на светот, со дури 83 милијардери, според проценката на кинескиот магазин „Harun“.

Бројот на милијардери во кинескиот парламент е зголемен за 17 проценти во однос на 2011 година, а нивното просечно богатство е проценето на 3,35 милијарди долари, пренесе францускиот весник „Figaro“.

Во еден од двата парламентарни дома, Народното собрание кое брои 3000 делегати, има дури 31 милијардер.

Најбогатиот меѓу нив е воедно и најбогатиот Кинез, Чонг Кингхоу, сопственик на компанијата за безалкохолни и млечни пијалоци „Vahaha“, чие богатство е проценето на 12,5 милијарди долари.

Во другиот парламентарен дом, Кинескиот народен политички консултативен совет, од 2200 делегати 52 се милијардери.

Тројцата најбогати членови на овој комитет се децата на тајкунот Ли Ка-Шинг, претседател на „Hatchison Vhampoa“, осми на листата на „Forbes“ на најбогати луѓе во светот и воедно најбогатиот човек во Азија со богатсво од околу 32 милијарди долари.

Според проценките на кинескиот магазин „Harun“, само минатата година најбогатите кинески пратеници заработиле повеќе отколку што заработиле 535 членови на американскиот Конгрес, претседателот на Америка, неговиот кабинет и девет судии на Врховниот суд.

Член на кинескиот парламент е и најбогатата жена во Кина, претседателката на „Longfor Properties“, Ву Јахун, чие богатство се проценува на 6,6 милијарди долари.

Меѓу милијардерите во кинескиот парламент е и Ли Гванжи, кој богатството од 3,1 милијарди долари го стекнал занимавајќи се со производство и продажба на авто делови, и кој е близок пријател на кинескиот потпретседател Сју Џинпинг.

Американските пратеници се „посиромашни“ од колегите од Кина, иако повеќе од половина од нив се милионери. Најбогатиот пратеник во американскиот Конгрес е Дерел Иса, републиканец од Калифорнија, чие богатство е проценето на 700 милиони долари.

Во составувањето на листата на најбогати луѓе во земјата, „Harun“ користел исклучиво јавни извори за информации. Високото раководство на Кина, вклучувајќи го и претседателот и генералниот секретар на Комунистичката партија Ху Џинтао, и премиерот Вен Џабао, не ги објавуваат податоците за своите приходи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП