2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата близу 53 долари, во фокусот прекумерното снабдување

Цената на нафтата близу 53 долари, во фокусот прекумерното снабдување

nafta 93939

Цената на нафтата се спушти во вторникот на светските берзи близу ниво од 53 долари, под притисок на се поизразената загриженост од прекумерното снабдување.

На лондонската берза, цената на барелот за испорака во мај се спушти за 33 центи во однос на претходното затворање, на 53,11 долари. Договорите за испорака во април истекоа во понеделникот, завршувајќи го тргувањето во минус 1,23 долари.

На американскиот пазар цената на барел нафта во вторникот падна 77 центи во однос на претходното затворање, спуштајќи се на 43,11 долари.

Меѓу факторите кои ја притискаат цената аналитичарите ги издвојуваат растот на залихите, зголемување на либијското производство и можен договор помеѓу западот и Иран за нуклеарната програма, што би резултирало со укинување на санкциите на Техеран и со зголемен ирански извоз на нафта.

„Фокусот е на факторите кои ја притиската цената“, констатираше Бјорн Шилдроп од норвешки SEB. „Кога ќе се разгледа состојбата на пазарот, акцентот е врз можноста да се усвои резолуција за Иран“, додава аналитичарот.

И покрај вооружените судири, и Либија претставува товар за цените со оглед дека според неименуван извор производството порасна на 489 илјади барели дневно благодарение на повторното отворање на полето El-Feel и Wafa.

Американските залихи, пак, во последните недели нижат нови рекордни нивоа, а аналитичарите предвидуваат дека таквиот тренд ќе продолжи и оваа недела.

OPEC на својата интернет страница објави дека цената на барел референтна кошничка во понеделникот изнесуваше 49,46 што е за 2,20 долари помалку во однос на претходниот трговски ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП