27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОNike и Under Armour во битка да ги облекуваат тимовите од НБА

Nike и Under Armour во битка да ги облекуваат тимовите од НБА

ua nike

Производителите на спортска опрема ќе се борат за голем спонзорски договор, откако вчера „Adidas“ најави дека нема да го обнови партнерството со НБА, кога нивниот актуелен договор за обезбедување на спортска опрема на тимовите од кошаркарската лигата ќе истече на крајот на сезоната 2016-2017.

„Adidas“ ги обезбедуваше официјалните тимови од НБА од 2006-та година, кога потпиша 11-годишен договор со НБА, проценет на 400 милиони долари. Од НБА засега одбиваат да коменират, но според извори на „CNBC“, пазарните лидери во кошаркарска опрема „Nike“ и „Under Armour“ водат сериозни дискусии со лигата за евентуален договор, кој може да стане факт во следните неколку недели.

Од „Nike“ и „Under Armour“ исто така одбиваат да дадат свој коментар. Иако вчерашната изјава на „Adidas“, минатата недела Кејт Мекшејн од „Citigroup“ изјави дека всушност НБА одбила да го продолжи договорот со компанијата. Минатиот месец „Adidas“ најави дека ќе бара наследник на својот извршен директор Херберт Хајнер, откако неговиот договор ќе истече во 2017-та година.

Одлуката доаѓа откако со месеци пазарниот удел на компанијата во САД се намалува, а „Adidas“ го отстапи до третото место по продажба на спортска опрема во САД.

„Од НБА веројатно би се чувствувале поудобно ако знаеја кој ќе е наследникот на Хајнер“, се вели во извештајот на „Citigroup“.

Промената сепак претставува нова можност за „Nike“ и „Under Armour“. „Nike“, заедно со својата марка „Jordan“, во моментов држи 96% од пазарот на кошаркарски патики во САД, според податоците на „SportScanInfo“. Марката „Jordan“ генерира над 2,5 милијарди долари приходи од продажба на спортски обувки во минатата година. Пазарниот удел на „Adidas“ минатата година беше само 2,6%. Вкупно 322 од 440 играчи во НБА носат патики „Nike“ или „Jordan“, според „HoopsHype“.

„„Nike“ го разбира северноамериканскиот и меѓународниот пазар. Ако „Nike“ го добие договорот, тоа ќе биде многу добро за трговците на мало“, вели Сем Поусер, аналитичар и управен директор на „Sterne Agee“.

„Under Armour“ постојано го зголемува пазарниот удел и од „Adidas“ го превзема второто место по продажба на спортска опрема во САД, договор со НБА би бил многу скап за компанија која не може да се споредува со димензиите на „Nike“.

Аналитичарите очекуваат вредноста на договорот да е доста поголема од 400 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП