27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРуски пливач поради допинг остана без медали

Руски пливач поради допинг остана без медали

maljenkov

Рускиот пливач, Виталиј Мељников, поради користење на допинг доби двегодишна суспензија. Исто така на Мељников ќе му бидат одземени медалите кои ги освои на Европското првенство во мали базени.

Рускиот пливач бил позитивен на ЕПО на континеталното првенство во декември 2013 година, кога освои златен медал во штафетата и сребро на 100 метри грбно.

Поради суспензијата на Мељников Русија ќе го загуби златото кое го освои во штафетната трка, победата ќе и припадне на Италија, додека сребрениот медал кој го освои Мељников на 100 метри грбно ќе има припадне на освојувачите на бронзениот медал Французинот Камиј Лакур и Британецот Крисд Вокер-Хеброн.

Суспензијата на Мељников му важи ретрокативно од моментот кога бил позитивен на допинг тестот, а ќе престане да му важи на 12-ти декември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП