26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПониска плата од 45 проценти за директорот на Нокиа

Пониска плата од 45 проценти за директорот на Нокиа

nokia direktor

Финскиот произведувач на мобилни телефони, Нокиа,  соопшти дека извршниот директор на компанијата, Стивен Елоп минатата година добил 45 проценти помала плата.

Поради тоа што компанијата забележала големи загуби, Елоп не ги добил бонусите, па така неговите вкупни примања биле намалени скоро на половина.

Според годишниот извештај на Нокиа, примањата на Елоп се намалени од 7.99 милиони евра за 2011-та година, на 4.33 милиони евра за минатата година.

Иако основната плата на извршниот директор лани порасна за шест проценти на 1.08 милиони евра, неговите бонуси се скратени на нула или 473.070 евра во однос на 2011-та. Другите облици на бенифиции, вклучувајќи ги одложените компензации, акции и придобивки се намалени за 50 проценти на годишно ниво.

Нето загубата на Нокиа во 2012-та година беше дуплирана на 3.10 милијарди евра. Сепак компанијата наведува дека најлошото е зад нив, затоа што во четвртиот квартал од 2012-та година првпат остварија профит по 18 месеци.

Нокиа минатата година беше симната од лидерската позиција во производство на мобилни телефони од страна на Самсунг, откако една декада беше доминантна на овој пазар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП