26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСимеоне го продолжи договорот со Атлетико

Симеоне го продолжи договорот со Атлетико

simeone 2

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, го продолжил договорот со актуелниот шампион на Шпанија, пренесува „Marca“. Според истиот извор аргентинскиот стратег годишно ќе заработува по шест милиони евра, што е многу повеќе од досегашните 2,5 милиони евра по сезона.

Со новиот договор кој важи до 2017-та година, Симеоне стана човекот со најголема плата во Атлетико и еден од шестте најплатени тренери во фудбалскиот свет.

Аргентинецот на клупата на Атлетико седна во 2011-та година и успеа да направи вистинска ренесанса во клубот.

Атлетико со Симеоне стана шампион на Шпанија минатата сезона, а ги освои трофеите во Купот на Кралот (2013), Суперкупот на Шпанија (2014), односно Лига Европа и Суперкупот на Европа (2012).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП