26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВо Женева дебитираше кинескиот конкурент на Mercedes-Benz GLA (фото)

Во Женева дебитираше кинескиот конкурент на Mercedes-Benz GLA (фото)

qnoros suv

Компанијата „Qoros“, основана од бизнисмени од Кина и Израел, доби популарност по појавата на нејзиниот прв модел – седанот „Qoros3“. Подоцна тој стана хечбек, а на саемот во Женева се појави кросовер верзија на моделот, кој ќе се продава и во Европа.

Всушност во Кина предметниот кросовер беше прикажан уште во ноември минатата година, но сега постои и негова верзија за Стариот континент.

qnoros suv1

Општо земено „Qoros 3 City SUV“ во голема мера личи на хечбекот со истото име, но разликите се во зголемувањето на тлото и пластичните заштитни лајсни. Освен тоа европската модификација е со различен заден браник и со модернизиран издувен систем.

Што се однесува до ентериерот, тој целосно се повторува од оној на хечбекот „Qoros 3“. Во листата на дополнителна опрема на „SUV“-моделот се вклучени ксенон фарови, кожен седишта, клима уред, мултимедијален систем со екран на допир, како и камера за рикверц.

qnoros suv2

Очекувањата беа кросоверот да добие два мотори за Европа, но во крајна линија неговите творци одлучија да биде само еден. Моделот ќе се нуди со 1.6-литарски бензински мотор со моќност од 154 КС, а тој може да се комбинира и со 6-брзински мануелен менувач, но и со автоматска трансмисија со две спојки.

Од 0 до 100 км/ч „Qoros 3 City SUV“ забрзува за 10,1 секунди, а верзија со рачен менувач има просечна потрошувачка од 6,8 л/100 км.

qnoros suv3

Засега од компанијата „Qoros“ не ја објавија цената на моделот. Се очекува, сепак моделот да биде опипливо подостапен од „Volvo V40 Cross Country“ и „Mercedes-Benz GLA“, со кои ќе се натпреваруваат на пазарот.

qnoros suv4

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП