27 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSony продаде 20 милиони единици од конзолата PlayStation 4

Sony продаде 20 милиони единици од конзолата PlayStation 4

4 ps sony

Компанијата „Sony“ објави дека продала повеќе од 20 милиони единици од конзолата „PlayStation 4“ до 1-ви март оваа година или 20.2 милиони, да бидеме попрецизни.

Треба да се нагласи еден важен факт, а тоа е дека овој број се однесува на конзолите кои се наоѓаат во рацете на потрошувачите, а не за бројот кој е испорачан во продавниците.

Продажбата на конзолата „Sony PlayStation 4“ претставува најбрз раст во историјата на оваа франшиза, и тоа сега веќе не е изненадување. Раководителите на компаниајта „Sony“ порачуваат дека се премногу задоволни со овие бројки.

Со бројот на гејминг наслови од висок профил кој треба да биде објавен во текот на оваа година, постои причина за верување дека „Sony“ ќе продолжи да бележи одлични продажни резултати.

Нивната најнова гејминг конзола моментално се наоѓа во продажба на 123 светски пазари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП