27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИTримесечниот профит на Henkel забележа пад од 7%

Tримесечниот профит на Henkel забележа пад од 7%

henkel-wm

Германскиот производител на стока за широка потрошувачка „Henkel & Co KGaA“ открие благ пад на профитот за четвртиот квартал од 2014-та година за 7% од значителните прогнозирани вонредни трошоци поврзани со реструктуирање на компанијата.

Компанијата соопшти дека нето профитот за трите месеци до крајот на декември се намали до 298 милиони евра од 320 милиони евра за истиот период од минатата година. Падот бил предизвикан од еднократните трошоци и таксите за реструктуирање.

Сепак корегираниот оперативен профит „EBIT“ е зголемен за 3,1%. На овој начин „Henkel“ сепак ги постигна финансиски цели за 2014-та година.

Приходите од продажбата се зголемени за 7,1% до 4,1 милијарди евра, потпомогнати од силната игра на сите три главни бизниси на групацијата. И покрај слабеењето на руската рубља продажбата на „Henkel“ во Источна Европа се зголеми за 4,5% пред корекцијата односно девизните измени. Отстранувањето на валутните флуктуации, продажбата во регионот за четвртиот квартал се зголеми за 3,9%.

„Пазарите во развој беа повторно главниот двигател на растот за „Henkel“, изјави главниот извршен директор Каспер Рорстед.

За целата година 2014-та година нето добивката на групацијата достигна 1,62 милијарди евра во споредба 1,58 милијарди евра во 2013-та година, а растот на продажбата изнесува 4,4% достигнувајќи 16,4 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП