26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВооружените судири во Либија ја кренаа цената на нафтата

Вооружените судири во Либија ја кренаа цената на нафтата

nafta33

Цената на сировата нафта се стабилизираше во вторникот на светските берзи близу 61 долар, црпејќи поддршка од воружените судири во Либија, растот на пазарот на акции и сигналите за зголемена побарувачка со оглед на подобените макроекономски показатели.

На лондонската берза цената на барелот порасна за 1,34 долари во однос на преходното затворање, на 60,88 долари. Во понеделникот потона за над три долари. На американската берза со барелот во вторникот се тргува по 75 центи повисока цена од 50,34 долари.

На почетокот на неделата цената на нафтата во Лондон потона за речиси пет отсто бидејќи фокусот на трговците повторно се пренасочи на растечката глобална понуда, поради која цените се повеќе од преполовени од јуни минатата до јануари оваа година.

Поддршка на цената на нафтата пружија охрабрувачките показатели до Европа и Азија. Така европските берзи на акции се приближија до ново највисоко нио за седум години благодарение на скокот на прометот во германската малопродажба во јануари за 2,9 отсто во однос на претходниот месец, како и за 5,3 отсто во однос на истиот месец лани.

Во меѓувреме растот на курсот на јапонскиот јен го спушти индексот на доларот кон кошничката клучни светски валути од највисокото ниво за последните 11 години, што ја поттикна побарувачката за нафтата, чија цена е искажана во долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП