27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗHyundai ix20 зa 2015-та година (фото)

Hyundai ix20 зa 2015-та година (фото)

ix20

„Hyundai“ го освежи својот „MPV“ модел – „ix20“. Покрај козметичките промени на возилото, подобрени се и моторите, а во понудата се најде и нов шестбрзински автоматски менувач.

Редизајнот на надворешноста опфаќа нови фарови и голема маска на ладилникот, како и стоп светла со „LED“ технологија.

Покрај новите 15-инчни алуминиумски бандажи, купувачите ќе можат да нарачаат и бандажи со 16, односно 17 инчи.

ix201

Koрејскиот производител ја опреми внатрешноста на возилото со нов аудио систем кој има можност за поврзување со „iPod“, како и интегрирана меморија од 1GB зa складирање на музика.

Покрај тоа, овозможени се и „Bluetooth“, „USB“ и „AUX“ конекции.

За погон се избрани два бензински и два дизел мотори.

ix202

Oсновниот бензинец има зафатнина од 1.4 литри и произведува 90 ks (66 kW), додека помоќниот, 1.6-литарскиот мотор развива 125 ks (92 kW) и ќе биде во понудата и со новиот шестстепен автоматски менувач, кој претставува замена за постоечкиот четирибрзински автоматик.

Бензинците стандардно ќе бидат поврзани со петстепен мануелен менувач.

Oние кои ќе се одлучат за дизел верзијата, можат да изберат меѓу два 1.4-литарски мотори со 77 ks (57 kW) и 90 ks (66 kW), како и два 1.6-литарски со 115 ks (85 kW) и 128 ks (94 kW).

ix203

Кај сите дизел верзии моќта на тркалата ќе се пренесува со помош на мануелниот менувач со шест брзини.

Стандардната опрема подразбира „ESP“ и „ABS“ со „EBD“ системот, како и 6 воздушни перничиња.

„Hyundai“ соопшти дека ја има подобрено економичноста на моделот „ix20“ така што овој автомобили го опреми со старт-стоп системот, гуми со намален отпор, како и активен преклопник на маската на ладилникот кој ги подобрува аеродинамичките карактеристики во возењето.

ix204

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП