27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLego го надмина Ferrari, прв на листата за најмоќни брендови

Lego го надмина Ferrari, прв на листата за најмоќни брендови

Screen-Shot-2015-01-30-at-12.13.50-pm-1260x840

Данската компанија „Lego“, по падот на популарноста започнувајќи од 2000 година, повторно е меѓу најмоќните брендови во светот, па во 2014 година од „Ferrari“ ја презема лидерската позиција на листата со најдобрите брендови во светот, објави истражувачката компанија „Brand Finance“.

Авторите на студијата истакнуваат дека на популарноста на овој производител на играчки влијаел успехот од филмот „Големата авантура на Lego“ минатата година, кој придонесе и за угледот на брендот, но и за резултатите од продажбата, пренесува францускиот весник Фигаро.

Иако се истакна во поглед на лојалноста, препознатливоста и угледот на брендот, „Lego“ од гледна точна на финансиската вредност на е на листата со 10 најмоќни брендови, додека „Ferrari“ и понатака на таа листа котира добро, со вредност од 4,7 милијарди евра во минатата година, односно за 18 проценти повеќе отколку во 2013 година.

Инаку, во листата за финансиски највредни компании во 2014 година предводат „Apple“, „Samsung“ и „Google“, се вели во истражувањето.

Во категоријата на брендови кои забележале најбрз раст, доминра „Twitter“. Неговата вредност е речиси тројно зголемена, на 4,4 милијарди долари, а следат актерите во секторот за нови технологии, како што е кинескиот „Baidu“ или американскиот „Facebook“ (+150 проценти).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП