3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата се зголеми по веста за смртта на Чавез

Цената на нафтата се зголеми по веста за смртта на Чавез

nafta11

Цената на сировата нафта утрово забележа благ пораст, по веста за смртта на венецуелскиот претседател Хуго Чавез.

Нафтата за ориентациона испорака во април, во електронското тргување на Њујоркшката берза, пораснала за 20 центи, на 91,02 долари за барел, пренесува агенцијата АП.

Во текот на 14-годишното владеење на Чавез, производството на нафта во Венецуела значително се намали поради недостиг на вложување во нови истражувања, а аналитичарите сметаат дека до пресврт во производството на нафта ќе дојде дури по изборите за нов лидер.

“Проблемот во Венецуела несомнено ќе ги погоди пазарите, но пазарите би можеле брзо да се изборат со тоа“, рече главниот аналитичар на компанијата “ЦМЦ Маркет“ од Синдеј, Рич Спунер, и додаде дека Венецуела и понатаму поседува големи резерви, со разумно високи цени, кои се во склад со актуелните односи на резервите и побарувачката.

Европската марка „брент“, која се користи за одредување на цената на различнитe видови на странска нафта, се зголеми за 33 центи, на 111,94 долари за барел. Долгогодишниот претседател на Венецуела Хуго Чавез (58) почина по долгото боледување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП