26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРуски дебакл на ЖРК Вардар

Руски дебакл на ЖРК Вардар

vardar

Ракометарките на Вардар забележаа нов гостински пораз во натпреварите во Лигата на шампионките.

ЖРК Вардар убедливо загуби во Волгоград од Динамо Синара со 33:25(15:12).

Вардарки против Динамо, уште еднаш ги презентираа слабостите во играта во одбраната и нападот и загубија четврти пат сезонава во петтиот одигран натпревар на гостински терен.

Екипата на Индира Кастратовиќ со овој пораз си ги направи ништожни шансите да стигне до второто место во Групата 1, што би и донел полесен противник во четвртфиналната рунда.

Ракометарките на Вардар добар ритам против Динамо имаа само во првите 10 минути, кога имаа предност од два гола (3:5), но потоа домашниот тим го засили ритамот, во наредните шест минути направи серија од 6:2 стигна до предност од 9:7 со што ја навести победата.

Динамо немилосрдно ги казнуваше грешките и ги користеше подароците од вардарки и константно ја зголемуваше својата предност 12:8 во 21.минута, потоа и 15:10 во 26.минута.

Мала надеж ‘црвено-црните’ дека ќе изборат поволен резултат добија во периодот од 27. до 32.минута кога намалија на два негатива (15:13), но од тој момент тие повторно влегоа во ‘црна дупка’, Динамо ја врати предноста од пет гола која и ја зголеми до крајот на мечот: 21:15 во 42.минута, 24:17 во 46.минута, 27:18 во 52.минута.

ЖРК Вардар на овој меч немаше игра, катастрофално играше централниот дел на одбраната (бековите на Динамо постигнаа 21 гол), а во нападот се играше на индивидуален квалитет и со многу технички грешки (вардарки загубија 17 топки).

Поразот на ЖРК Вардар веројатно ќе беше и поубедлив доколку на голот не беше Амадин Лејно која мечот го заврши со 14 одбрани (10 во првото полувреме).

Кочетова со девет и Акпјан со шест гола го предводеа тимот на Динамо до победата во Лигата на шампионките, додека кај Вардар по седум гола постигнаа Пенезиќ и Радичевиќ.

ЖРК Вардар со овој пораз остана на петтото место на табелата во Групата 1 со пет бода, додека Динамо е на второто место со 10 бодови, три помалку од лидерот Будуќност.

Наредниот меч во ЛШ Вардар ќе го одигра на 28.февруари кога во Скопје ќе гостува Лајпциг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП