27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВо Женева деби ќе има VW Golf GTD Variant

Во Женева деби ќе има VW Golf GTD Variant

gtd karavan

По хечбекот, „Volkswagen“ на купувачите ќе им понуди и караван верзија на „Golf GTD“ со 184 „коња“.

Две години по женевската премиера на „Golf GTD“ со 3 и 5 врати, на швајцарскиот меѓународен авто-саем ќе биде претставен и „Golf GTD (Gran Turismo Diesel) Variant“.

Новиот модел ќе биде препознатлив по карактеристичните „GTD“ браници, мрежестата маска на ладилникот, проширените прагови, затемнетите стоп светла и двојните издувни цевки.

Golf GTD Variant“ стандардно е опремен со би-ксенон фарови, шини на покривот и посебни 17-инчни алуминиумски бандажи, додека како опција се достапни и тркала од 18-инчи. Во однос на стандардниот „Golf“ караван, моделот „GTD“ има спуштена суспензија за 15 mm.

Под хаубата се наоѓа познатиот четирицилиндарски 2.0-литарски турбо-дизел, кој го има и хечбекот „Golf GTD“. Моторот произведува 184 ks (135 kW) нa 3.500 o/min, додека максималниот вртежен момент од 320 Nm е достапен меѓу 1.750 и 3.250 вртежи.

gtd karavan1

Моќта се испраќа на предните тркала преку шестстепениот рачен менувач, додека како опција во понудата е и шестбрзински автоматски „DSG“ менувач со двојно квачило.

Автомобилот до „стотка“ стигнува за 7.9 секунди, што е за 0.4 побавно време од хечбек верзијата. „Volkswagen“ не ги објави информациите за максималната брзина, а познато е дека „GTD“ верзиите со 3 и 5 врати можат да достигнат 230 km/h.

Според фабричките податоци, просечната потрошувачка во комбиниран режим на возење изнесува 4.4 l/100 km.

„Golf GTD Variant“ ќе има премиера на претстојниот саем за автомобили во Женева, а почетната цена во Германија е 31.975 eвра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП