Покрај новите „TT Coupe“ и „Roadster“, „Audi“ оваа година претстави и неколку концептни верзии со ознаката „TT“.
Еден од нив беше и концептот „TT Sportback“ од последниот саем за автомобили во Париз, а врз негова основа се настанати и овие неофицијални компјутерски цртежи кои ни го прикажуваат изгледот на евентуалниот „Audi TT Avant“.
Идеата на авторот на овие цртежи е „TT“ модел со кој „Audi“ ќе му конкурира на „Mercedes CLA Shooting Brake“, но изгледа дека сето тоа ќе остане само на идеа.
Во секој случај, „TT Avant“ ќе биде направен на „MQB“ платформата, а гамата на мотори би подразбирала бензинци и дизели, а купувачите на располагање би можеле да имаат и „quattro“ погон, како и спортските „S“ и „RS“ верзии…