26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПет тима ќе се борат за последните две места кои водат во...

Пет тима ќе се борат за последните две места кои водат во следната фаза

liga sampioni e

Вечер официјално завршува групната фаза на Лигата на шампионите. Во 20:45 ќе стартуваат последните осум натпревари . Во нив останува да се дефинираат само уште два тима кои ќе продолжат во осминафиналето. Во конкуренција се Рома, Манчестер Сити, ЦСКА Москва, Спортинг и Шалке.

Баерн Минхен е сигурен на првото место во групата „Е“, а за второто место кое води во нокаут фазата има многу комбинации. Во Рим, „волчицата“ го пречекува тимот на Манчестер Сити, додека пак во вториот натпревар Баерн Минхен ја пречекува екипата на ЦСКА Москва. Рома со победа ќе биде сигурен патник во 1/8 финалето, а и нерешен резултат без голови ја води понатаму, доколку ЦСКА загуби или одигра нерешено. На Манчестер Сити пред се му е потребно ЦСКА да загуби во Минхен. Во таков случај, победа или нерешен натпревар, но со голови, ги носи во наредната фаза. За рускиот тим да оди понатаму, потребна му е победа над Баерн и Рома да не го победи Манчестер Сити.

Во група „Ф“, во битка за првото место ќе играат Барселона и ПСЖ. Бод им е доволен на гостите од Париз за да го осигураат првото место во групата и полесен противник во 1/8 финалето. На Ајакс му е доволен и бод за трето место на табелата и пласман во Лигата на Европа, додека со победа во Амстердам третото место ќе му припадне на кипарскиот тим АПОЕЛ.

Челзи е сигурен патник во следната фаза од групата „Г“, додека Спортинг и Шалке 04 се борат за второто место. Португалците имаат два бода предност и потребен им е само бод на гостувањето на „Стемфорд Бриџ“ за да се пласираат во нокаут фазата. Германците ќе бараат успех над аутсајдерот Марибор и ќе се надеваат на добри вести од Лондон. Свои сметки има и словенечкиот тим, кој со победа ќе се најде на третото место и пласман во Лигата на Европа.

Во последната група „Х“, Порто е сигурно прв, а Шахтјор втор. За третото место кое води во Лигата на Европа ќе одлучи мечот меѓу Атлетик Билбао и БАТЕ Борисов. На „баскијците“ им е доволен и бод, додека на гостите од Белорусија им е потребна победа.

Вечерашните дуели од Лигата на шампионите (20:45):

Рома – Манчестер Сити

Баерн Минхен – ЦСКА Москва

Барселона – ПСЖ

Ајакс – АПОЕЛ

Челзи – Спортинг

Марибор – Шалке 04

Порто – Шахтјор

Атлетик Билбао – БАТЕ Борисов

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП