26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеал го собори рекордот на Барселона (видео)

Реал го собори рекордот на Барселона (видео)

S

Фудбалерите на Реал Мадрид синоќа во 6.коло од Лигата на шампионите го совладаа Лудогорец со 4:0 што за нив претставува 19. победа по ред во сите натпреварувања и со тоа го надминаа рекордот на Барселона кој изнесуваше 18 победи во низа.

Серијата на Реал трае од септември кога последне пат не победи на натпревар од Примера против Атлетико Мадрид (1:2).

Оттогаш „кралскиот клуб“ доминира на теренот во шпанските натпреварувања, лидер е во Примера, а во Лигата на шампионите забележа максимални шест победи, подвиг остварен и сезоната 2011/12 под водство на тренерот Жозе Мурињо.

На дуелот со бугарскиот шампион стрелец на првиот гол за домаќините беше Кристијано Роналдо по што португалскиот репрезентативец стигна до својот 72. погодок во елитното натпреварување и се искачи на втората позиција на вечната листа на најдобри стрелци.

Пред Роналдо е Лионел Меси со 74 голови. На третото место на оваа листа остана Раул со 71 гол.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП