27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФИФА останува без уште еден спонзор, си заминува и Sony

ФИФА останува без уште еден спонзор, си заминува и Sony

soni topka

„Sony“ не планира да го обнови договорот со ФИФА. Во основата на одлуката на јапонската компанија се проблемите на меѓународната фудбалска федерација.

Разделбата најверојатно ќе се случи со истекот на овој договор меѓу двете страни, кој е до крајот на оваа година, пишува „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на извор од компанијата.

„Sony“ беше спонзор на ФИФА во последните осум години. Вредноста на соработката се проценува на 33 милијарди јени (280 милиони долари).

Компанијата е еден од шестте големи спонзори на меѓународната федерација. Таа е и втората по „Emirates“, која одбива да го обнови договорот поради влошениот имиџ на организацијата.

ФИФА уште е обвиткана во сомневања за корупција околу изборот на домаќините на светските првенства во 2018-та и 2022-та година и од нив се бараше да го поднесат целиот извештај, но засега од меѓународната федерација одбиваат да го сторат тоа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП