27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГрчката гасна компанија ДЕПА треба да му плати на Газпром над сто...

Грчката гасна компанија ДЕПА треба да му плати на Газпром над сто милиони евра

gazprom ukraina23

Грчката државна гасна компанија ДЕПА ќе треба да му плати парична казна од над сто милиони евра на рускиот гигант Газпром, согласно клаузулата „земи или плати“ од спогодбата меѓу двете компании, откако намалувањето на потрошувачката во 2014 година оневозможи да бидат прифатени количините, договорени во март, пишува весникот „Катимерини“.

Претставници на ДЕПА преговарале со претставници на Газпром и грчката гасна компанија е подготвена да поднесе официјална молба количината гас, која не била потрошена оваа година да биде префрлена за следната.

Оваа опција е содржана во договорот, но руската страна не е должна да ја исполни.

Претставниците на ДЕПА се надеваат дека со почетокот на зимата ќе се зголеми потрошувачката на гас до крајот на годината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП