27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИVolkswagen инвестира 86 милијарди евра до 2020-та

Volkswagen инвестира 86 милијарди евра до 2020-та

das auto

Групацијата „Volkswagen“ го претстави петгодишниот план за инвестирање вреден 85,6 милијарди евра, наменет со цел да се зајакне нивното пристуство на пазарите и лансирањето на нови, „чисти“ модели, не откажувајќи се од проектот за намалувње на трошоците.

Голем дел од овие вложувања ќе биде наменет за развој на возила со подобри карактеристики во поглед на еколошките барања, се наведува во соопштението на компанијата.

„Ќе продолжиме да инвестираме со цел да станеме автомобилска компанија, која во прв план не ја става не само рентабилноста, туку и еколошките стандарди, со развојот на најдобри и најчисти возила“, изјави директорот на групацијата „Volskwagen“, Мартин Винтеркор.

Во соопштението се додава дека 41,3 милијарди евра ќе одат во развој на „SUV“ модели, модернизација на лесните теренски возила, како и во развојот на електрични возила и оние со хибриден погон.

Како што е нагласено, петгодишниот план на вложувања нема да го промени планот за заштеда кој меѓу останатото предвидува намалување на трошоците на групацијата до 2018-та година во износ од пет милијарди евра.

Групацијата „Volksvagen“ добро се справува со европската криза во автомобилскиот сектор, благодарејќи, пред се на добрите резултати во Кина и Северна Америка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП