27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПетмина ќе се борат за титулата најдобар голман во 2014-та

Петмина ќе се борат за титулата најдобар голман во 2014-та

golmani 354

Синдикатот на професионалните фудбалери „ФИФПро“ ја објави листата на петмината голмани, номинирани за № 1 на оваа позиција во 2014-та година.

Скратената листа ги вклучува Мануел Нојер (Баерн и Германија), Клаудио Браво (Барселона и Чиле), Тибо Куртоа (Челзи и Белгија), Икер Касиљас (Реал Мадрид и Шпанија) и Џанлуиџи Буфон (Јувентус и Италија).

Петмината голмани се дел од 55-те фудбалери кои се номинирани меѓу најдобрите на своите позиции за оваа година. Тие ќе го формираат совршениот тим за 2014-та година. Тој ќе вклучува еден голман, четворица дефанзивци, тројца халфови и тројца напаѓачи.

Номинациите за најдобрите дефанзивци ќе бидат објавени на 26-ти ноември (среда), најдобрите халфови на 28-ми ноември (петок), а најдобрите напаѓачи на 1-ви декември (понеделник).

„ФИФПро“ и неговите филијали во различните држави се единствени кои го собираат мислењето на професионалните фудбалери. Нејзините награди се единствените во светот на фудбалот, затоа што се определуваат според гласовите на играчите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП