26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПет апликации кои помагаат во организирањето на обврските (видео)

Пет апликации кои помагаат во организирањето на обврските (видео)

apli potsetnik

Работата, дружењето со пријателите, купувањето на намирници, па дури и гледањето на филмови и серии – постојано прецртуваме што сме направиле, а што уште не. Среќа и за тоа постојат апликации.

Спиосоците за тоа што треба да направиме отсекогаш се составен дел од животот, само што сега наместо нотеси и пенкала, луѓето ги користат паметните телефони и апликациите во нив.

Меѓутоа, блежниците и пекалата неможат секогаш да Ве потсетат за состанок, неможат да Ви испратат електронска пошта, да повикаат некој што ви треба, неможат да ги потсетат пријателите со кои нешто организирате, а парчето хартија неможе да го поделите со други.

Затоа Ви е потребна една од овие апликации за организација на обврските:

1. Wunderlist

Не се нарекува „неверојатна листа“ без причина – покрај што, очигледно, можете да ги напишете сите обврски, можете и да ги споделите ако во нив учествуваат и други лица, тие може да коментираат, да Ве потсетуваат, можете да ги наместите роковите за проектите, а на своите обврски можете да додадете и хаштагови, па да ги поделите, приватните од бизнис обврските. Апликацијата е бесплатна и достапна за „Android“ и „iOS“, но треба да се доплати 4.99 долари за се да функционира.

2. Google Keep

Бесплатен сервис на „Google“ кој може да ви послужи и за организација на обврските. Задачите ги запишувате во пораки, кои можат да бидат гласовни, текстуални или сликовити, а можат и да се пребаруваат. Оваа апликација е достапна бесплатно само за „Android“ уредите.

3. Carrot

Ова е апликација за сите кои сакаат да внесат малку забава во секојдневните пренатрупани обврски. Низ вашите напишани задачи Ве води роботски глас, кој нема да пропушти саркастично да коментира кога нешто нема да завршите – ќе Ве искара ако доцните или ќе Ве пофали ако нешто извршите на време. Достапна е за „iOS“ уредите по цена од 2.99 долари.

4. Tick Tick

Покрај можностите кои ги нудат сличните апликации, оваа наместо Вас ќе го наполни календарот со обврски кои ги внесувате со датум. Исто така нуди можност за сортирање на обврските според хаштаг, па се што е означено со #следниотвикенд. Достапна е за „Android“ и „iOS“, симнувањето на апликацијата е бесплатно, а дополнителните можности се плаќаат по 2.99 долари месечно.

5. Any Do

Oваа апликација секој ден ќе ви прикажува од наутро до навечер што треба да реализирате во текот на денот, ќе Ве потсети на пропуштените повици, а новите обврски можете да ги додавате и на „e-mail“. Достапна е за „Android“ и „iOS“ телефоните, бесплатна е за превземање, а сите дополнителни можности се достапни за 2.99 долари месечно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП