27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСаудиски принц сака да го купи Марсеј

Саудиски принц сака да го купи Марсеј

Prince Al-Walid bin Talal visits West Bank

Уште еден гигант на францускиот фудбал може да го смени својот сопственик со богаташ со мултимилиjардно богатство. По ПСЖ и Монако на нишан е Олимпик Марсеј. Според францускиот весник „Екипа“ интерес кон клубот пројавува саудискиот принц Ал Валид бин Талал Бин Абделазиз ал Сауд.

Принцот е 35-иот најбогат човек во светот и неговото богатство се проценува на 26 милијарди долари.

Според „Екипа“, договорот ќе биде во вредност од 100-150 милиони евра. Ако тој се реализира со оваа цена ќе ја престигне продажба на ПСЖ на Катарската кралско семејство од 2011-та година. Тогаш за стекнување на сопственоста, Насер Ал-Хелаифи плати 70 милиони евра.

Во моментов Олимпик Марсеј, кој е во сопственост на Маргарита Луј-Драјфус, е лидер на табелата во француската Лига 1 со еден бод предност пред вториот во рангирањето, ПСЖ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП