27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДобивката на банката VTB зголемена шест пати

Добивката на банката VTB зголемена шест пати

BN-FQ470_vtb112_WN_20141120045214

Втората по големина „VTB“ банка во Русија, според обемот на средствата, за девет месеци од девизните операции оствари 34,5 милијарди рубљи (585 милиони евра) во однос на 5,7 милијарди во истиот период 2013 година.

Загубата од таквите операции била 2,4 милијарди рубљи во првата половина од оваа година.

Во третиот квартал од 2014 година „VTB“ од операциите со странски валути заработила 36,9 милијарди рубљи, покажа финансискиот извештај на групацијата за девет месеци од оваа година.

Операциите со странски валути опфаќаат нивно купување и продажба на девизните пазари и клиентите, работа со прекуграничните преноси, како и водење на девизните тековни сметки, пренеусва ТАС.

Во третиот квартал, по стабилниот летен период, обновена е неизвесноста на девизните пазари и скоковите на рубљата. Така, поради падот на цената на нафтата, рубљата од средниот курс од 25 рубљи за еден долар во јули, се намали на 38,7 рубљи за еден долар во септември.

Тогаш цената на нафтата „urals“ се намалила 94,79 долари за барел, што е пониско од прогнозите на економистите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП