26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСамо четири клуба можат да си го дозволат Меси!

Само четири клуба можат да си го дозволат Меси!

mesi klubovi 354

Вкупно четири се клубовите кои имаат финансиска можност да си дозволат купување на правата на Лионел Меси од Барселона.

Клаузулата за ослободување во договорот на Меси со „каталонците“ е 250 милиони евра, а оваа сума може да ја одвојат само клубови од Англија, Франција и Италија.

Францускиот шампион ПСЖ е најдобро финансиско осигуран и подготвен да ја извади потребната сума и да му плаќа огромна плата на Аргентинецот. Од англиската Премиерлига тимовите се два – шампионот Манчестер Сити и лидерот во моментов, Челзи.

Единствениот италијански клуб, кој прилично тешко, но може да собере огромната сума е Интер.

Германскиот гигант Баерн исто така би можел да си дозволи да потроши толку многу за аргентинската зевезда, но според медиумите тие нема интерес кон напаѓачот. Истото може да го стори и лутиот ривал на Барса, Реал Мадрид, но тие веќе го имаат Кристијано Роналдо, па поради тоа Меси не им е потребен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП