27 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИLG претстави нов екран

LG претстави нов екран

ekran lg 345555555

„LG Display“ разви 5.3-инчен екран со полна „HD“ резолуција за уште потенки и поелегантни мобилни уреди. Компанијата екранот пред се го гледа во смартфоните, а неговото масовно производство ќе започне следниот месец.

Работ на екранот е моментално најтенкиот на пазарот и изнесува само 0,7 mm, a наведено е дека од „LG Display“ тоа го постигнале со интегрирање на сензори за допир во „LCD“ модул, како и вметнување на електроника и позадинско осветлување во една целина во однос на досегашното слоевито поврзување со леплива лента.

Компанијата споменатите новитети ги истакнува под називот „Neo Edge“ и „Advanced In-Cell Touch“, a екранот благодарејќи на таквиот начин на производство е отпорен на вода и прашина, т.е. е подолготраен во однос на досегашните решенија.

Според одговорните лица од „LG“, екранот на почетокот ќе се најде во уредите наменети за кинеските купувачи каде постои голема побарувачка за паметни телефони со поголема дијагонала, а потоа би требало да биде достапен и во уредите за меѓународниот пазар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП