26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПознати се номинираните за наградата „Златно момче“

Познати се номинираните за наградата „Златно момче“

rahim sterling 3

40 фудбалери беа номинирани за наградата „Златно момче“, која се доделува секоја година на најдобриот млад фудбалер во Европа.

Со најмногу претставници се Ливерпул, Барселона и Баерн Минхен, кои има по тројца играчи меѓу номинираните.

Една четвртина од сите номинирани се сопственост на клубови од Премиерлигата на Англија. Германската Бундеслига е на второ место со седум претставници, а шпанското и италијанското првенство имаат по петмина.

Најголемиот фаворит за наградата е Рахим Стерлинг од Ливерпул.

Наградата беше основана во 2003-та година од италијанскиот весник „Tутоспорт“, а во анкетата учествуваат дел од водечките спортски изданија, меѓу кои „Билд“, „Марка“, „Л’Eкип“, „Мундо Депортиво“, „Тајмс“, „Франс фудбал“ и други.

Во последните десет години до оваа награда дојдоа, Вејн Руни (Евертон), Лионел Меси (Барселона), Цеск Фабрегас (Арсенал), Серхио Агуеро (Атлетико Мадрид), Андерсон (Манчестер Јунајтед), Александре Пато (Милан), Марио Балотели (Манчестер Сити), Марио Гетце (Борусија Дортмунд), Иско (Малага) и Пол Погба (Јувентус), кој победи во 2013-та година

Премиер лига:

Рахим Стерлинг, Лазар Марковиќ и Дивок Ориги (Ливерпул), Калам Чемберс (Арсенал), Курт Зума (Челзи), Аднан Јанузај и Лук Шо (Манчестер Јунајтед), Набил Бенталеб и Ерик Даер (Тотенхем), Џон Стоунс (Евертон).

Примера:

Сандро, Муниар ел Хадад и Жерард Делофелу (Барселона), Аимерик Лапорта (Атлетик Билбао), Саул Нигуес (Атлетико Мадрид).

Серија А:

Доменико Берарди и Кингсли Коман (Јувентус), Бернардеши Франко (Фиорентина), Кеита Балде (Лацио), Матео Ковачиќ (Интер).

Бундеслига:

Пјер-Емил Хојберг, Џанлука Гаудино и Џулијан Грин (Баерн Минхен), Макс Маер (Шалке), Хакан Чалханоглу и Аркадиуш Милик (Леверкузен), Матијас Гинтер (Борусија Дортмунд).

Лига 1:

Маркињос и Адриен Рабин (ПСЖ), Бенјамин Менди (Марсеј), Лукас Окампос (Монако).

Други:

Тони Вилхена (Феенорд), Џетро Вилемс (ПСВ), Денис Прает и Александар Митровиќ (Андерлехт), Оливер Торес (Порто), Брума (Галатасарај), Гонзалес (Базел), Никола Нинковиќ (Партизан) и Лука Заховиќ (Марибор).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП