1 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Граѓаните“ подготвуваат понуда за Ројс

„Граѓаните“ подготвуваат понуда за Ројс

markota 54

Манчестер Сити веќе има подготвено понуда за ѕвездата на Борусија Дортмунд, Марко Ројс.

Интересот за полудефанзивецот од клубови од цела Европа не запира, особено откако од Баерн Минхен открија по која цена Ројс би можел да се раздели со Борусија.

Клаузулата е во вредност од 25 милиони евра и ќе се активира на крајот на сезоната. Баерн веќе ги „украде“ Марио Гетце и Роберт Левандовски од Дортмунд, а се повеќе се зборува и за трансфер на Марко Ројс.

Во Борусија, сепак се надеваат на нов договор со 25-годишниот фудбалер со кој ќе отпадне клаузулата за ослободување.

Англискиот Манчестер Сити исто така пројавува сериозен интерес за германскиот репрезентативец. Во клубот веруваат дека Ројс може да се претвори во најскапиот трансфер, но се свесни дека ќе им биде многу тешко да се справат со жестоката конкуренција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП