„MacKenzie-Childs“ ја претстави својата нова интересна колекција на фантастични садови „Courtly Check“…
Во ретро стил, колекцијата опфаќа чаши, чинии, тенџериња, прстени за салфети, чајници, чинија за торта, свеќници со прекрасни црно бели шари… Исто така, тука е и широкиот избор на текстил во истиот стил.
Доколку очекувате гости, можеби црно-белата шоља со златнен раб е одлично решение за луксузен пречек. Новата колекција инспирирана од шаховските полиња изгледа духовите и ретро – идеална за пречек на вашите гости.
„MacKenzie-Childs“ е познат по оригиналните единствени рачно изработени садови и мебел. Секое парче носи печат на индивидуалност и не постојат две идентични парчиња.
Погледнете ја новата луксузна колекција која ќе ве воодушеви вас и вашите гости…