26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЏерард го напушта Ливерпул!?

Џерард го напушта Ливерпул!?

gerard lilverpul 343

Капитенот на Ливерпул, Стивен Џерард нема да престане со фудбалот по крајот на сезоната.

34-годишната легенда на „црвените“ има договор со клубот од „Енфилд“ до крајот на сезоната и во моментов не добива предлог за нов договор.

„Можам да мислам само за оваа сезона, бидејќи договорот ми е до мај месец“, изјави Стиви во интервју за „Дејли Меил“.

„Како стојат работите во моментов, јас сум тука до крајот на сезоната. Сигурно нема да престанам со фудбалот во текот на летото. Ако не ми понудат нов договор, го напуштам Ливерпул“, изјави тој.

Џерард се приклучи во академијата на Ливерпул на деветгодишна возраст. До моментов има речиси 700 натпревари за првиот тим. Од почетокот на сезоната ги одигра сите средби за „црвените“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП