27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАнглиска сензација - Јунајтед тргнува по Бејл!

Англиска сензација – Јунајтед тргнува по Бејл!

gerett

Островските медиуми пренесуваат дека Манчестер Јунајтед е подготвен да потроши 90 милиони фунти за најдобриот велшки фудбалер.

Уште додека беше член на Саутемптон и Тотенхем, Герет Бејл го прогласуваа за наследник на Рајан Гигс и со самото тоа, тој често е поврзуван со „ѓаволите“.

Бејл сепак заврши во Реал, тоа беше најголемиот трансфер на „кралскиот клуб“ во историјата, а на „Бернабеу“ во својата прва сезона ја освои Лигата на шампионите, толку очекуваната „Децима“.

Весникот „Metro“ пренесува дека интересот за Велшанецот повторно е актуелен на „Олд Трафорд“, т.е. дека во црвениот дел на Манчестер веќе се кројат плановите за негово купување.

Во споменатиот текст се апострофира на фантастичната партија на Иско против Ливерпул на „Енфилд“, младиот Шпанец влезе во стартната постава токму место повредениот Бејл, па овој податок влева оптимизам кај луѓето во Јунајтед, кога станува збор за трансферот на велшкиот репрезентативец.

Според нивните информации се подготвува понуда тешка 90 милиони фунти!

Дали Манчестер Јунајтед е судбината на Бејл, времето ќе покаже…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП