26 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузната Remmus лежалка од 45.000 долари (фото)

Луксузната Remmus лежалка од 45.000 долари (фото)

remm1

Ви го претставуваме Rolls Royce меѓу удобните, луксузни лежалки…

Оваа лежалка за сонце, која ја креираше „Remmus Ltd.“ брендот, се врти заедно со сонцето и ви овозможува вие сами да ги одберете своите омилени услови за релаксирање и уживање.

Лежалката исто така има и електронски прилагодлив потпирач за грбот, вградени водоотпорни BOSE звучници, Bluetooth врска, безжичен полнач за паметни телефони, како и интегрирана прскалка со вода доколку сакате да се разладите.

Исто така, тука е и LED осветлувањето кое можете да го подесите автоматски или рачно. Нејзината површина и постава е достапна во повеќе материјали, а нејзината цена може да достигне и 45.000 долари.

Инаку, оваа лежалка, финската дизајнерска куќа „Remmus“ неодамна ја претстави на „Hotel Show“ во Дубаи.

remm2

remm3

remm4

remm5

remm6

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП