26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSamsung го претстави таблетот Nook од 10.1-инчи

Samsung го претстави таблетот Nook од 10.1-инчи

nook sams

На почетокот на јуни се појавија информации за соработка меѓу компаниите „Samsung“ и „Barnes & Noble“, a која за цел ќе има изработка на специјална серија на таблетот „Galaxy Tab 4“ која ќе биде опремена со софтверот „Nook“. Набргу потоа, во август беше претставен „Galaxy Tab 4 Nook“ кој можеше да се пофали со 7-инчен екран и цена од околу 180 долари.

Овие денови пристигна и нов модел, кој за разлика од 7-инчниот модел има поголем екран и подобри спецификации. За жал подобрите спецификации воедно резултираа и со поголема цена, па така 10.1-инчниот модел ќе може да се купи за 299.99 долари.

Но за таа цена добивате поголем екран со резолуција од 1280 x 800 пиксели. Новиот модел не се разликува премногу од оргиналниот 7-инчен уред. Единствена разлика се однесува на големината на екранот, капацитетот на батеријата, како и вградениот процесор. Овој пат таблетот „Nook“ го користи процесорот на „Qualcomm“ со четири јадра – „APQ8026“ кој има такт од 1,2 GHz, а со него доаѓа и „Adreno 305“ графика.

За напојување се користи батерија со капацитет од 6800 mAh, која според производителот може да понуди до 10 часа сурфање и прегледување на мултимедијални датотеки. Во случај истиот да го користите само за слушање на музика, тогаш времето се зголемува на вкупно 209 часа.

Зголемената цена не би требало да биде проблем (барем така смета производителот), затоа што како поклон добивате дигитални материјали како книги, магазини, апликации и ТВ серии со вредност од 200 долари. Покрај тоа секој купувач добива и 5 долари стартен кредит кој може да се искористи за купување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП