26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЕвропскиот Accord ќе престане да се произведува во 2015-та

Европскиот Accord ќе престане да се произведува во 2015-та

accord 2

Пред неколку месеци се појави вест дека „Honda“ ја разгледува можноста за укинување на моделот „Accord“ зa европскиот пазар. Најновите информации за судбината на овој автомобил пристигнуваат од Австралија каде исто така се продава европската верзија на „Hondа Accord“.

„Honda“ за време на развојот на „Accord“ ја примени формулата на два типа на автомобили, кои се наменети за различни пазари. Европскиот „Accord“, кој се продава и на другите светски пазари, како што е јапонскиот, кинескиот и австралискиот, а во САД се пласира во рамките на брендот „Acura“, под ознаката „TSX“.

Од друга страна, на купувачите во САД им е понудена посебна верзија на „Accord“, која по дизајнот и големината се разликува од европскиот модел.

Актуелната, осма генерација на „Hondа Accord“ за европскиот пазар е претставена во 2008-ма година, а според одредени медиумии, производството на овој модел ќе биде стопирано во 2015-та година.

Според зборовите на директорот на компанијата „Honda Australia“, Стивен Колинс, европскиот „Accord“ ќе престане да се продава во оваа земја, а истата судбина овој модел ќе ја доживее и на другите светски пазари на кои моментално се продава.

Останува да се види дали „Honda“, сепак ќе се одлучи на купувачите во Европа да им понуди наследник на актуелниот „Accord“ или евентуално некој целосно нов модел во таа класа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП