26 април, 2024

SoHo – Penthaus B (фото)

soho8

„Penthaus B“ е величестен стан кој се наоѓа во „SoHo“ во Њујорк…

На мала одалеченост од главниот дел на „SoHo“, овој пентхаус до неодамна беше само празен простор. Тој помина низ метаморфоза со архитектите Едврд Сигел и Ернест де ла Торес. Овој импресивен дуплекс сега претставува елегантна мешавина на азискиот инспиративен средновековен модернизам, со допир на Арт деко гламурот.

По првиот чекор кој ќе го направите во овој стан, фоајето со панели од дрво од лешник ќе ви даде до знаење дека се наоѓате во еден неверојатен простор.  Столбовите прекриени со дрво од лешник со детали од црн челик, во комбинација со подот од темен даб, функционалниот камин и високите тавани креираат елегантна атмосфера.

Овој стан има околу 500 квадратни метри простор, кој се состои од три прекрасно и луксузно декорирани спални соби и три бањи. Исто така, овој пентхаус има и приватни повеќенаменски визби за складирање, како вински подрум со контролирана температура. Покрај сето ова, од овој пентхаус ви се овозможува поглед кон Њујорк, а за специјално уживање, тука е и величествената тераса. Цената на овој пентхаус е 20 милиони долари.

soho9

soho4

soho10

soho5

soho6

soho11

soho7

soho3

soho2

soho1

soho12

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП