26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИIntel ќе инвестира 6 милијарди во Израел

Intel ќе инвестира 6 милијарди во Израел

intel izrael

Израелските министерства за финансии и економија му ја одбрија на американски „Intel“ инвестицијата од дури 6 милијарди долари за проширување на производните погони во оваа земја.

Доколку се реализира целиот износ, тоа ќе биде досега најголемата поединечна странска инвестиција во Израел, земја која инаку нормално нема недостаток од такви инвестиции, особено во технолошкиот сектор.

Во рамки на проширувањето на производството, компанијата ќе вработи скоро 1.000 нови работници до 2023-та година.

Овој проект на „Intel“ финансиски ќе биде поддржан и од израелските власти, па на компанијата ќе и бидат исплатени 300 милиони долари безповратни средства во наредните пет години.

Покрај тоа, државата на „Intel“ ќе и ја намали и даночната обврска, па во наредните 10 години ќе плаќа данок на добивка во износ од само 5%. По завршувањето на фабриката тоа ќе бидат најнапредните производни погони од ваков вид во светот, а во нив ќе се произведуваат чипови со 10-нанометарска технологија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП